Сите заинтересирани кои сакаат да го проследат натпреварот од второто коло во група „Б” од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу ЖРК Вардар и Подравка, на 9 ноември (недела), од денеска може да си купат и поединечен билет за мечот.
Поединeчните билети ќе се продаваат по цена од 350 денари, ВИП-влезниците се со цена од 500 денари, додека ВИП ПРЕМИУМ чинат 1000 денари.
Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или онлајн на MKtickets.mk. Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 9 до 21 часот секој работен ден. Натпреварот се игра в недела во 19 часот.
Превземено од www.hcvardar.com