Сите заинтересирани кои сакаат да го гледаат натпреварот од 9-то коло на Ц групата од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и Монпелје, што ќе се одигра на 14 февруари (сабота), од денес ќе може да си купат и поединечен билет за истиот натпревар.

За поединечна продажба се останати околу 1.000 билети, во блоковите за седење. Тие ќе бидат по цена од 350 денари. Дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење во дел од секторите каде за тоа има место, а нивната поединечна цена ќе биде 120 денари.

Билетите може да се купат од вторник од 12.00 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или он лајн преку продажната мрежа на следниот ЛИНК.

Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 12.00 до 21.00 часот секој работен ден.

Извор: www.rkvardar.com