Веќе утре започнува новата натпреварувачка сезона од Скопско женската Супер Лига. Во овогодинешната Скопско супер лига ќе се натпреваруваат значително повеќе екипи во однос на изминатите години. Екипи кои ќе учествуваат и ќе се борат за што подобар пласман на конечната табела и излез на Европска сцена се: ЖРК Металург, ЖРК Вардар, ЖРК Вардар Јуниор, ЖРК Овче Поле, ЖРК Куманово, ЖРК Ѓорче, ЖРК Пелистер и ЖРК Жито Прилеп.
Првото коло го отвараат екипите на ЖРК Металург и ЖРК Овче Поле. Натпреварот е закажан за утре (сабота) со почеток во 12 часот, а улогата на домаќин ја има екипата на ЖРК Металург.
Распоред за 1 коло:
- ЖРК Металург – ЖРК Овче Поле (Сабота, 12 часот)
- ЖРК Жито Прилеп – ЖРК Куманово (Сабота, 17 часот)
- ЖРК Пелистер – ЖРК Ѓорче (Недела, 14:30 часот)
– екипата на ЖРК Вардар Јуниор е слободна во ова прво коло.
За потсетување, екипата на ЖРК Вардар поради обврските што ги има во Лигата на шампионите, ќе се приклучи во ова натпреварување кон крајот на сезоната.