Македонскиот интернационалец Златко Даскалоски без сомнение оваа сезона има одлични бројки во дресот на романскиот состав Темишвар. Доказ за тоа беше и последниот натпревар, во кој тој беше најзаслужен за победата на неговата екипа, победа со која обезбедија опстанок во првата лига.

Даскалоски блескаше на голот, што дури по првото полувреме веќе броеше до 17 одбрани, по што беше поштеден во второто полувреме, поради предноста која ја направија во првото полувреме.

„Со денешниот меч го заверивме и официјално првото место во разигрувањето во плеј-аут зоната и го задржавме прволигашкиот статус. Со оглед на тоа што по првиот дел на денешниот меч направиме солидна предност, примив само девет погодоци, второто полувреме добив поштеда” – изјави Даскаловски за порталот Екипа.

Даскаловски ја игра својата најдобра сезона, сезона во која прикажа многу одлични партии. Со оглед на тоа што има двогодишен договор со Темишвар, се очекува и наредната година да остане во клубот.