Се одиграа натпреварите од 6-то коло, во Супер ВИП машката ракометна лига. Екипата на Зомимак М останува единствена непоразена екипа си макслимални 18 бода, откако во последното коло ја совлада екипата на Преспа со 23-27. Со добри игри продолжува и екипата на Металург 2, која го совлада Пелистер со 29-24. Предводени од Костески, Манасков и браќата Маџоски, Металурзите забележаа нова победа, и ќе биде интересен дуелот со екипата на Зомимак М, за да се видат можностите на овие играчи во дуели со посилни екипи. На долниот дел од табелата, Текстилец останува единствената екипа без освоен бод, и ќе има тежок пат до место кое овозможува опстанок во супер лигата.

Супер ВИП лига, 6 коло

Металург 2 – Пелистер 29-24 (12-13)
Охрид – Пролет 24-25 (13-10)
Работнички – Текстилец 38-25 (19-12)
Прилеп – Радовиш 29-27 (14-15)
Преспа – Зомимак М 23-27 (9-16)

Табела:

Зомимак М 18 бода
Металург 2 15
Прилеп 10
Охрид 10
Пролет 9
Работнички 9
Радовиш 9
Пелистер 6
Преспа 3
Текстилец 0