Македонската репрезентативка Зорица Десподовска по шест месеци поминати во Турција, заминува од турскиот Муратпаша. Незадоволна од непрофесионалноста на клубот, обострано го прекинале договорот, со што сега нашиот лев бек е слободен играч.
Моментално Зорица Десподовска е во Скопје, каде ќе ги пројде божиќните празници со своите најблиски. За потоа да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, со оглед дека има неколку понуди.
„Имам неколку понуди, не сакам да брзам со донесување на одлука каде ќе продолжам. Следуваат божиќните празници, во кои ќе имам доволно време да размислам за мојата иднина. Воедно им ги честитам божиќните празници на сите љубители на ракометот и им посакувам се најубаво.“ – изјави Десподовска.