Македонската репрезентативка Зорица Десподовска останува во Германија, но во новопечениот прволигаш Розенгартен, со кој потпиша едногодишен договор. Десподовска на почетокот на пролетната полусезона замина во Коблец, каде одлично се снајде и прилагоди на германскиот ракомет.

Екипата на Коблец не успеа да обезбеди опстанок во првата германска лига, па затоа нашата репрезентативка брзо најде нов клуб со кој ќе продолжи да настапува во првата германска лига од следната сезона.

МакРакомет и посакува успешна сезона, многу успеси како на клупско така и на репрезентативно ниво.