Македонската репрезентативка Зорица Десподовска беше и официјално промовирана во тимот на Кобленц, откако пред неколку дена го стави и потписот на договорот со тимот во кој играат и Ивана Саздовски и Матилда Атанасоска.
Новиот тренер на Кобленц, Часлав Динчиќ, е задоволен од ангажманот на Десподовска во тимот и се надева дека во иднина ќе може да се очекуваат и подобри резултати, па популарните „дами од вулканот“ ќе го напуштат дното на табелата во Бундес лигата.
Извор: www.sport365.mk