Нашата репрезентативка Зорица Десподовска отткако замина од турската Муратпаша, успеа за кратко време да најде нова средина. И тоа не било која, туку Германија. Десподовска потпиша договор за следната полузесона во Бундес лигата во клубот Вулкан Лејдис, од градот Коблец.

Екипа која моментално се наоѓа на претпоследната позиција од табелата, но екипа која периодов донесе засилувања и воедно пред две недели и нов тренер, србинот Часлав Динчиќ.