Левото крило на ЖРК Металург, Јована Саздовска во пресрет на денешниот натпревар против холандската екипа Вестфрисланд изјави дека атмосферата е одлична, спремни го чекаат натпреварот, иако владее мал притисок поради првиот резултат на гостински терен и очекувања од денешниот натпревар.

„Иако таму победивме со еден разлика, не смееме да ги потцениме. Напорно трениравме, работиме и се надеваме на добар резултат, кој ќе не доведе до следното коло против Данќините. Имаме желба, мотив и добра атмосфера. Потребна ќе ни е поддршката од публиката, затоа во оваа прилика ги поканувам сите љубители за женскиот ракомет да дојдат на натпреварот“ – изјави Саздовска.

Натпреварот е од 17:00 часот во Автокоманда.
*Влезот за сите љубители на женскиот ракомет е слободен!