Во пресрет на саботниот натпревар на Вардар против екипата на Киелце, десното крило Иван Чупиќ ја пофали атмосферата во Скопје, но истотака изјави дека Киелце е имун на таков вид притисок.
“Повторно се враќаме во Скопје, каде владее неверојатна атмосфера. Тактички сме подготвени, знаеме што да направиме во одбраната, а што во нападот, и подготвени сме да се бориме за двата бода. Оваа победа за нас е многу важна, бидејќи целиме на првото или на второто место во групата. Вардар, од година во година, е се подобар, составот му е се посилен, и имаат одлична прва постава. Ќе ни биде тешко, но ние сме навикнати да играме во Скопје, а атмосферата ни е добро позната Мене, лично, ми лежат такви средби. Во Скопје досега немаме пораз, ниту во натпреварите со Металург, ниту во средбите со Вардар, а ќе направиме се за да така и остане“ – изјави десното крило на Киелце за нивниот портал.
Останува да видиме, дали големиот Киелце ќе потклене и ќе го доживее првиот пораз во Скопје.