Селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван е задоволен од изданието на неговите ракометари на стартот од Светското првенство, но вели дека ова е само почеток и сега треба да се фокусираме на идните дуели.

„Многу сум задоволен од денешниот натпревар, од победата на стартот на Светското првенство. Честитки за Тунис, тие се голема репрезентација и покажаа вистинска борба, но пред се честитки за моите играчи кои остварија голема победа. Ова е голема победа за нас, но ова е и само прв натпревар, имаме уште многу игра пред нас. Сега треба да заборавиме на оваа победа и да се фокусираме на утрешниот натпревар против Иран“– изјави Ивица Обрван на прес конференцијата по мечот.