Во пресрет на денешниот натпревар против репрезентацијата на Иран, селекторот Ивица Обрван ќе го искористи секој повикан ракометар, се со цел да се задржи свежината на ракометарите.
„Мислам дека нашата екипа е доволно квалитетна и свесна дека вчерашниот меч е завршен и сега следи нешто ново. Се освен наша победа, би било изненадување. Иранците се обидуваат да играат брза игра, се покажаа дека бековите се тие кои ја превземаат иницијатива, но тие трошат и доста топки. Во првото полувреме ја надиграа БиХ, која беше нервозна и се до 50 минута беше неизвесно. Иран нема екстра силен играч. Мислам дека натпреварот е доволно долг, дури иако има нешто лошо, има време да се поправи. Никој не очекуваше со толкава разлика да го победиме Тунис, но проблем е што за 24 часа играте друг меч. Нормално е дека секој има своја вредност. План е да добијат голема минутажа, оние што не играа, но да не трпи резултатот. Не сме решиле уште како би било. Најважно е дека треба да ја задржиме свежината, па затоа сите треба да играат” – изјави Ивица Обрван.
Извор: www.lazarovkiril7.com