Во пресрет на утрешниот натпревар на нашата репрезентација, нашиот селектор Ивица Обрван е задоволен од атмосферата во тимот, воедн ветуваат дека ќе дадат се од себе да го отворат ова првенство со победа.

“Тука сме во Доха веќе три четири дена и со нетрпение го очекуваме стартот на првенството и стартот на натпреварот со Тунис. Имаме многу проблеми со термините за одржување на тренинзите и мораме да се прилагодиме на ситуацијата бидејќи се се одржува во три сали. Нервозата е нешто поголема бидејќи се ближи стартот на првиот и за нас многу важен натпревар. Тунис е исклучително тежок противник и на овој Мундијал доаѓа со амбиција дури и да освои медал. Тоа ни е многу добро јасно, но ние ќе се обидеме да победиме, но сепак ако тоа не се случи, ова е старт на првенството има уште пет натпревари во групата. Добро сме подготвени, но вистинската слика ќе ја имаме по дуелот со Тунис. Првиот натпревар на ваков турнир секогаш е најтешка, но ние ќе одиме на победа. Сигурно дека не сме во идеална форма, ниту во оваа фаза можеме и да бидеме, но во тимот владее одлична атмосфера и момчињата ќе дадат се од себе да се постигне поволен резултат” – изјави Ивица Обрван.