Еден од најискусните хрватски репрезентативци, пикерот Игор вори говореше пред утрешниот меч важен меч против Македонија во групата Б на СП во Катар.

“Многумина ме прашуваа, дали Македонците се изненадување? Тие играат одличен ракомет и не е случајно тоа што го прикажаа досега на Мундијалот. Имаат искуство со големи натпреварувања и не се изненадување. Го имаат Кирил Лазаров кој е лидер во репрезентацијата. На крајот не победува поединец, туку целата селекција“ – изјави Игор Вори.