Одбираме повторно „Играч на неделата“ од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

Ви ги преставуваме 5-те играчи за изминатата недела (05.10.2015 – 11.10.2015)

1. Даниел Дупјачанец (Металург)

Металург одигра два натпревари оваа недела, едниот против Металург 2 и другиот против Скјер во Лигата на шампиони. Голманот на Металург на двата натпревари броеше преку 15+ интервенции, со што уште еднаш покажа дека е во одлична форма и дека од натпревар во натпревар е се подобар.

2. Горан Шаренац (РК Прилеп)

Ракометарот на РК Прилеп одигра две брилијантни партии оваа недела, во која прилепчани забелешаа две големи победи над Вардар Јуниор и Тинекс Пролет. Натпревари во кои Шаренац постигна дури 16 погодоци (на двата натпревари по 8), со што беше прав лидер на екипата, заедно со Турченко.

3. Вања Илиќ (РК Работнички)

Левото крило оваа недела одигра два одлични натпревари, против Пелистер (4 погодоци) и во дерби натпреварот со ГРК Борец постигна 8 погодоци, со што беше еден од најзаслужните за овие две победи.

4. Кирил Колев (РК Охрид)

Со 20 успешни одбрани од кои 9 седмерци чуварот на мрежата Кирил Колев беше творец на убедливиот триумф на Охрид на гостувањето во Радовиш, конечни 19:29. Што заслужено се најде во нашиот избор за играч на неделата.

5. Петар Ангелов-Диви (Вардар)

Голманот на Вардар, Диви беше најзаслужниот за големата победа над Рајн Некар. Со одличната партија во второто полувреме и 9-те интервенции кои беа клучни за победата на Вардар.

Играч на неделата (05.10.2015 - 11.10.2015)

  • Кирил Колев (РК Охрид) (41%, 244 гласови)
  • Даниел Дупјачанец (Металург) (25%, 148 гласови)
  • Петар Ангелов-Диви (Вардар) (24%, 142 гласови)
  • Горан Шаренац (РК Прилеп) (8%, 46 гласови)
  • Вања Илиќ (РК Работнички) (2%, 12 гласови)

Вкупно гласале: 592

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 16.10.2015 година