Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.
Ви ги преставуваме 5-те играчи за изминатата недела (12.10.2015 – 18.10.2015)
1. Ивица Илиев (РК Радовиш)
Ракометарот на РК Радовиш, Ивица Илиев се покажа во одлично светло на гостувањето во Скопје, против аутсајдерот Металург 2, кој одлично се спротистави на фаворизираниот РК Радовиш. Илиев беше најпрецизен на натпреварот, со постигнати 7 погодоци и заслужено се најде во нашиот избор на „играч на неделата“
2. Дарко Павловиќ (РК Охрид)
Десниот бек на РК Охрид прикажа одлична партија на гостувањето кај ГРК Борец, постигнувајќи 7 погодоци. Кој заедно со Вражалица Елвин беа клучните играчи за оваа победа против велешката екипа.
3. Вања Илиќ (РК Работнички)
Левото крило на РК Работнички не запира со одлични игри, тоа го покажа и на натпреварот против РК Прилеп, каде постигна вкупно 9 погодоци и беше еден од иницијаторите на пресвртот кој го направи РК Работнички во средината на второто полувреме. Истотака, Илиќ стави печат на овој натпревар со постигнување на погодок во последните секунди од натпреварот, за многу значајна победа на жешкиот терен во Прилеп.
4. Филип Чурлевски (РК Вардар Јуниор)
Еден од поискусните ракометари во РК Вардар Јуниор, Филип Чурлевски одигра одличен натпревар во скопското дерби, против екипата на Тинекс Пролет. Натпревар во кој постигна 7 погодоци, битно за голема победа на вардарци и приближување до екипата од Пролет на табелата.
5. Ласко Андоновски (РК Тинекс Пролет)
Иако, екипата на Тинекс Пролет загуби ова коло, мораме да ја напоменеме феноменалната партија на Ласко Андоновски кој постигна 9 погодоци. Натпревар во кој цела тежина падна на неговиот грб, со оглед на неколкуте клучни повредени играчи кои не можеше да смета скопската екипа. Одлична партија која за жал не успеа ракометарите на Пролет да ја крунисаат со победа.
Играч на неделата (12.10.2015 - 18.10.2015)
Вкупно гласале: 291 ![]() |