Тимот на МакРакомет започнува со бирање на „Играч на неделата“ од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Секоја недела ќе предлагаме по 5 играчи, со што потоа со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

Ви ги преставуваме 5-те играчи за изминатата недела (28.09.2015 – 04.10.2015)

1. Златко Мојсовски (Работнички)

Десното крило на Работнички имаше блескава партија против екипата на РК Радовиш, каде постигна 7/7 погодоци. Натпревар во кој Мојсовски заедно со Вања Илиќ беа главните играчи, кои им ја донесоа победата на скопјани. Со што со право се најде во изборот за најдобар играч на неделата.

2. Стефан Кимевски (Тинекс Пролет)

Голманот на Тинекс Пролет, Стефан Кимевски е клучната алка на екипата, без која едноставно екипата не функционира како што треба. Тоа го увидовме на последните два натпревари од Супер лигата, каде најпрво играа со екипата на Пелистер. Натпревар во кој Кимевски не беше во составот поради здраствени причини, а Пролет убедливо загуби од РК Пелистер. За веќе во вториот натпревар против ГРК Борец на домашен терен, да се врати Кимевски помеѓу стативите и на терен веќе можеше да гледаме една друга екипа на Пролет, која беше убедлива во својата победа против велешани.

3. Арпад Штербик (Вардар)

Арпад Штербик на секој натпревар ни покажува дека е во феноменална форма оваа сезона. Така беше и на вчерашниот натпревар против Кристијанштад, на кој Штербик забележа дури 19 интервенции. Со што беше еден од најзаслужните за оваа победа над шведската екипа, победа која ги однесе на првото место во својата група.

4. Јанко Божовиќ (Металург)

Јанко Божовиќ е лидерот на „плаво-белите“ оваа сезона, играч без кој нападот на Металург не функционира најдобро. Божовиќ во изминатата недела одигра две одлични партии, против Работнички и Елверум, каде постига по 6 погодоци. Со што со право се најде во нашиот избор на играч на неделата.

5. Влатко Недановски (Вардар Јуниор)

Вардар Јуниор во измината недела одигра два натпревар, во кои забележа една победа и еден пораз. На двата натпревари во нападот и одбраната одлично одигра Влатко Недановски, натпревари на кои вкупно постигна 10 погодоци. Недановски е еден од поискусните во младата екипа на Вардар Јуниор, и можеби еден од лидерите и главните играчи на Вардар Јуниор оваа сезона.

Играч на неделата (28.09.2015 - 04.10.2015)

  • Јанко Божовиќ (Металург) (34%, 63 гласови)
  • Арпад Штербик (Вардар) (34%, 62 гласови)
  • Стефан Кимевски (Тинекс Пролет) (13%, 24 гласови)
  • Влатко Недановски (Вардар Јуниор) (11%, 20 гласови)
  • Златко Мојсовски (Работнички) (8%, 14 гласови)

Вкупно гласале: 183

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 09.10.2015 година