Редакција (makrakomet@gmail.com)
* Главен и одговорен уредник: Стефан Пејовски
* Главен уредник: Трајче Кичевски
* Соработници: Маја Петковска (новинар) и Мартин Димовски (фотограф)
„МакРакомет“ е спортски портал, кој се фокусира само на македонскиот ракомет и на настаните поврзани со него.
На македонската публика ѝ нудиме проверени информации за ракометот, поврзани со националните тимови во сите старосни категории, со македонските екипи и со нашите интернационалци во Европа и во светот.
Особено се фокусираме на младите играчи, и во машка и во женска конкуренција, за кои цврсто веруваме дека претставуваат светла иднина на македонскиот ракомет.
Читателите можат да бидат сигурни дека преку „Макракомет“ добиваат само проверени информации и авторски текстови и анализи, без невистини и сензационални шпекулации. Дополнително, порталот „Макракомет“ им овозможува на сите љубители на ракометот, преку рубриката Седмерец, да ги искажат својот став и мислење за сѐ што е поврзано со македонскиот ракомет, без интервенции во напишаното.
Нашата конечна цел е да придонесеме во понатамошна промоција и афирмирање на ракометот во Македонија како спорт број 1 во државата.