Репрезентацијата на Исланд сепак преголем залак за нашите ракометарки, кои вечерва го претрпеа и третиот пораз во претквалификациите за бараз за СП во Данска 2015 година, загубивме со убедливи 33:23.

Исланѓанките ја потврдија својата фаворитска улога уште на самиот почеток, кога го отворија резултатот со 4:0. Предност која ја одржуваа во целиот тек од првиот дел, за на полувреме да заминат 17:12. Во второто полувреме Исланд само ја зголеми разликата, со што натпреварот го завршија со убедлива победа од 10 погодоци.

Најефикасна во нашиот тим со 6 погодоци беше Робертина Мечевска, а по 4 погодоци запишаа Марија Штериова и Зорица Десподовска. Следниот натпревар, воедно и последниот во овој циклус, нашиот тим ќе го одигра веќе во сабота во СРЦ Кале, со почеток од 17:45 часот.