Во пресрет на вечерашниот натпревар, селекторот на Висла Плок, Маноло Каденас предупредува дека иако имаат предност од 6 гола, не значи дека вардаци се откажале од пласман во следната рунда.
„Вардар е сосема друг тим кога игра на домашен терен. Ние имаме добра предност, но тоа не значи дека веќе сме обезбедиле место во четвртфиналето. Дефинитивно одиме на победа, очекувам брз натпревар, Вардар има добар голман кој отвора многу контри и затоа работите можат да се менуваат за краток период. Нивните ракометари се убедени дека можат да ја анулираат нашата предност од првиот натпревар“ – изјави Каденас за полските медиуми.