Игор Карачиќ смета дека победата против Монпелје на минатиот натпревар во Скопје многу допринела за продолжување на победничката атмосфера во екипата. Но на жешкиот терен на Рајн Некар Левен нема да биде исто, немаат пораз оваа сезона на домашен терен, но за секогаш има прв пат.

„Најважно е што веќе обезбедивме место во топ-16 фазата и што имаме загарантирано трето место во групата, па во една таква ситуација сигурно поопуштено ќе играме во Германија. Дојдовме за да се покажеме во најдобро светло, бидејќи противникот е со докажан квалитет, тоа е силна екипа која на свој терен игра одлично.” – изјави Карачиќ.

Средниот бек на Вардар очекува најтешки да бидат првите минути од мечот, со оглед на досегашната игра на Германците.

„Рајн Некар има препознатлив стил на игра, кој што го негува сите овие изминати години во кои е при врвот во Бундеслигата. Имаат одличен голман во Никлас Ландин, а нивното најсилно оружје сигурно ќе биде полуконтрата. Најопасни се во првите минути од натпреварот, и тоа благодарение на одличниот разигрувач Шмид. Доколку успееме да го сопреме него и налетот на Германците во првите минути, тогаш сигурно ќе биде полесно”
– дополни Карачиќ.

Извор: www.rkvardar.com