Полскиот репрезентативец, Карол Белецкиво пресрет на натпреварот со Вардар очекува тврд натпревар во кој екипата со подобра одбрана ќе издвои победа. Левиот бек на Киелце одлично игра оваа сезона, а доказ за тоа се 20-те погодоци на досегашните 5 натпревари во Лигата на шампионите.

„Треба да одиграме солидно во одбраната, кога имаме јака одбрана, натпреварот е многу полесен. Треба да обрнеме внимание на еден на еден, играчите на Вардар играат многу борбено во одбрана и тоа не може да го игнорираме. Мора да се фокусираме на самите себе и нашата игра. Ако одиграме на највисоко ниво, ќе победиме. Во Скопје салата е одлична и атмосферата е уникатна, останува ние да одиграме добро и да ја продолжиме победничката серија“ – изјави Карол Белецки за нивниот сајт.