Во новата сезона од Лигата на шампионите, македонскиот првак ЖРК Вардар ќе игра во групата Ц заедно со екипите на Митјиленд, Хипо и победникот од квалификациската група 1 (каде Ѓер е апсолутен фаворит). Група во која според Кастратовиќ ги имаме добро познатите Митјиленд и австрискиот Хипо кој ќе го видиме повторно во Скопје, по што се очекува без поголеми проблеми да обезбедиме пласман во главната фаза.
„Имаме нормалнагрупа, противниците ни се горе-долу познати. Го знаеме Митјиленд, во Скопје повторно ќе го видиме Хипо, а третиот противник најверојатно ќе ни биде Ѓер. Амбициите на ЖРК Вардар се истите. Нашата цел останува пласман во завршницата на ЛШ и борба за титулата. Се подготвуваме максимално кој и да се противниците. Лани тргнавме малку полабаво, со оценка дека имаме лесна група, па на крај не испадна така. Сега сме многу поискусни и ќе настојуваме од секого и од секој натпревра да извлечеме повеќе“ – изјави Индира Кастратовиќ за порталот Екипа.