ЖРК Вардар вечерва од 19:00 часот, ќе го игра првиот 1/4 финален натревар од ЛШ против Ѓер. Во пресрет на натпреварот тренерот на „црвено-црните“ Индира Кастратовиќ заедно со своите ракометарки се спремни за натпреварот на годината за вардарки, во кој се оптимисти и веруваат дека со помош на публиката ќе успејат да издвојат позитивен резултат.

“Минатата недела имавме одлични подготовки со ракометарките на Есбјерг кои беа наши гостинки и токму тоа ни помогна добро да се подготвиме за дуелот со Ѓер. Знаеме кој е нашиот следен противник, Унгарките се европски шампионки и не смееме во ниту еден момент да ги потцениме, но и да ги прецениме. Ние мораме нашата игра да ја играме најдобро што знаеме и ако го исполниме сето она што претходно го договаравме во овие две недели мислам дека ќе забележиме добар резултат и се надевам дека публиката која ќе дојде во голем број ќе се радува заедно со нас”
– изјави Кастратовиќ.

Директен пренос од натпреварот на Алфа ТВ.