Селекторот на женската репрезентација на Полска, Ким Расмусен ќе и биде помошник, консултант на Индира Кастратовиќ, се со цел да се освои европскиот врв. Данецот во Скопје ќе остане во нередните две ипол години, колку што е и неговиот договор со ЖРК Вардар.

На денешната пресконференција, еве што изјавија…

„Среќен сум што сум тука во Скопје и сум дел од оваа организација. Со нетрпение очекувам да почнеме со Индира да соработуваме и да го водиме тимот и да постигнеме добри резултати. Го следев Вардар последните две години, го знам тимот и местата каде ќе треба да подобриме, имам нови идеи и погледи. Сигурен сум дека ќе го искористиме заедничкото знаење, и знам каде треба да се насочиме“
– изјави Ким Расмусен.

„Сакам да му посакам добредојде во Македонија, и очекувам брзо да се вклопи. Денеска почнуваме со подготовки, на 8 јануари патуваме за Унгарија, каде ќе бидеме на 10 дневни подготовки и почнуваме да се концентрираме за мечот со Лајпциг, во Лигата на шампионите. Не можеме се уште да сметаме на Бегоња Фернандез, а Тања Хмирова на крај на јануари би требало да се приклучи и да тренира со нас“ – додаде Кастратовиќ.