Нашиот капитен Кире Лазаров е избран во најдобриот тим за 2014 година, во изборот што го организираше специјализираниот портал „Хендбол планет“. Со вкупно 57 гласови, скоро двојно повеќе од Марко Вујин и Ласло Наѓ, заслужено ја доби титулата најдобар десен бек на светот.
Најдобриот тим за 2014 година:
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Никола Карабатиќ (Барселона)
Десен бек: КИРЕ ЛАЗАРОВ (Барселона)
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
Пивот: Хулен Агинагалде (Кјелце)
Голман: Никлас Ландин (Рајн-Некар)
Дефанзивец: Тобијас Карлсон (Фленсбург)