Во пресрет на првиот натпревар на СП во Катар, против репрезентацијата на Тунис, нашиот капитен Кире Лазаров вели дека се подготвени да го дадат својот максимумот. Лазаров е свесен за тежината на натпреварот, чиј главен адут според него е селекторот Хасанефендиќ.
„Знаеме каков е африканскиот ракомет, на каков стил на игра се навикнати ракометарите на Тунис, но знаејќи го нивниот селектор Хасанефендиќ треба да бидеме спремни на се. Знаејќи го неговиот систем на работа во германските клубови тој многу често го менува и тимот и формацијата како што минува мечот, во зависност од играта и резултатот. Како и да е, ние сме подготвени, а би било прекрасно кога мундијалот би го почнале со победа над една квалитетна селекција како што е Тунис, која исто така ќе атакува на висок пласман во Катар“ – изјави Кире Лазаров.