Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров е изненаден од одличната игра и убедливиот триумф над Тунис на стартот од СП. Но тоа не треба да не однесе во облаци, свесен за тоа веќе размислува за утрешниот натпревар против Иран, репрезентација која не треба да се потцени.

„Горд сум на соиграчите, одигравме максимално квалитетно и покажавме играчка зрелост. Покажавме и дека нашите глави функционираат, а не очекував дека ќе ги добиеме со толку гола разлика. Пред мечот добро ги анализиравме, имавме поддршка и од навивачите, го испочитувавме договорот и стигнавме до победа. Знам дека ќе продолжиме одлично, победивме врвен противник и освоивме значајни бодови. Иран не смее да го потцениме, одиме чекор по чекор“ – изјави Лазаров.