Нашиот капитен Кире Лазаров (Барселона) е на првата позиција на листата на стрелци по првиот дел од натпреварите во Лигата на шампиони, со постигнати 76 погодоци.

Веднаш зад Кире Лазаров е Тимур Дибиров (Вардар) со постигнати 69 погодоци. На третата позиција се наоѓа Момир Илиќ (Веспрем) со постигнати 67 погодоци.

Најдобрата петорка ја комплетираат Александар Деревен (Чеховски Медведи) и Драган Гајиќ (Монпелје) со по 62 постигнати погодоци.