Нашата репрезетнација денес ја совлада репрезентацијата на Иран, на начин на кој на повеќето не им се допадна, особено не на самите играчи. Нашиот капитен Кире Лазаров изјави дека не е задоволен од денешната игра и наместо да се одморат, тие повеќе се уморија, што е во право за волја на вистината.

„Се покажа оној наш балкански менатлитет, но најважно од се е што ги освоивме дават бода, на начин на кој не му се допаѓа на никој од нас. Имаме два дена сето тоа да го исправиме, добро да се изанализира каде грешевме. Можеби и подобро што ни се случи ваков меч против Иран, зашто ќе беше многу пострашно ако ни се случеше во дуелите со Босна или со Австрија. Наместо да се одмориме ние се уморивме на овој меч! Не треба да бегаме од вистината. Сега имаме еден ден за одмор, да се консолидираме, и да дадеме максимум во дуелот со Босна доколку сакаме да го оствариме она за што сме дојдени тука. Тој натпревар ќе биде пресвртница за нас, со три победи веќе обезбедуваме пласман во осминафиналето и може мирно да ги одиграме преостанатите мечеви во групата. Треба сите да ставиме прст на чело, покажавме дека можеме, имаме квалитет да се соединиме и да се покажеме во нашето вистинско издание како на натпреварот со Тунис“ – изјави Лазаров за порталот www.ekipa.mk