После двете одиграни кола од квалификациите за ЕП 2016 во Полска, нашиот репрезентативец Кире Лазаров со вкупно 23 постигнати погодоци е прв стрелец.
Капитенот на нашата македонска репрезентација, покажа во двата натпревари како треба да се бранат боите на својата земја. Во двата натпревара беше движечката сила на нашата репрезентација, против Швајцарија реализираше 13 погодоци, а против репрезентацијата на Чешка постигна 10 погодоци. Со што, со право се наоѓа на врвот од листата на стрелци.
Веднаш зад него се репрезентативецот на Турција, Рамазан Доне со 21 погодок, и словенечкиот репрезентативец Драган Гајич со 19 постигнати погодоци.