Денес нашата сениорска репрезентација имаше собир во пресрет на двата квалификациски натпревари со големата Франција. Избраниците на селекторот Ивица Обрван денеска и утре ќе одработат по еден тренинг до натпреварот со Франција, кој ќе се одигра во среда во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 20:15 часот.

Нашиот капитен, Кире Лазаров е вели дека репрезентацијата на Чешка е конкурентот на Македонија за второто место, а од престојните дуели со Франција нема што да се загуби.

„Како и за сите, така и ние немаме многу време за подготовки за Франција. Но, истото важи и за Франција. Со позитивна мисла ќе влезе во овие дуели особено што имаме бод освоен на гостувањето кај Чешка. Како и да е Чешка е нашиот најголем конкурент за 2-то место во групата за ЕП во Полска 2016. На двата натпревари со Франција ќе дадеме максимум . Постои респект за оваа селекција која никој нe ја надиграл последните 6 до 8 години. Тоа е едно уживање да се игра ваков натпревар. Јас сум оптимист дека ќе го дадеме најдоброто од нас“ – изјави на денешниот собир капитенот Кирил Лазаров.