Се одиграа натпреварите од 8-тото коло во ВИП Супер лигата на Македонија, екипата на Зомимак М со победата против Радовиш (32:25) и натаму цврсто ја држат лидерската позиција на табелата. Натпревар во кој без поголеми проблеми, рисовите стигнаа до посакуваните два бода.

Ракометарите на Пелистер полека ја надминуваат кризата, а гостинската победа над новиот суперлигаш Работнички (25:29) е потврда на тоа. Свое деби имаше црногорскиот интернационалец Богдан Николиќ кој пред неколку дена потпиша за битолскиот Пелистер.

Драматичен натпревар се одигра во автокоманда, помеѓу екипите на Металург 2 и Охрид 2013. Иако охриѓани на полувремето имаа предност, а во еден момент од вториот дел и три гола позитива сепак тимот на Металург 2 со одличен финиш стигна до заслужена победа, и победи со 25:22.

Големо изненадување приреди екипата на Прилеп, со гостинскиот триум на директниот конкурент за 4-тото место на табелта, екипата на Пролет. Во неизвесен натпревар, во кој резултатот беше изедначен до самиот крај, прилепчани во финишот притиснаа и направија предност од 22:18, што потоа се покажа како клучна за новите два бода на екипата на Прилеп.

Конечни резултати од 8-мото коло во ВИП Супер лигата:

– Зомимак М 32:25 Радовиш
– Металург 2 25:22 Охрид
– Работнички 25:27 Пелистер
– Прилеп 24:22 Тинекс Пролет
-Преспа 46:14 Текстилец

ТАБЕЛА:

1. Зомимак М 24
2. Металург 2 24
3. Прилеп 2010 16
4. Охрид 2013 24
5. Радовиш 12
6. Пролет 62 12
7. Работнички 9
8. Пелистер 08 8
9. Преспа 2010 6
10. Текстилец 0