Денес со натпреварот помеѓу екипите на Зомимак-М и Металург се заврши 9-тото коло од разигрувањето за шампионската титула на Македонија. Покрај овие две екипи, во ова 8 коло, полно со изненадувања, се сретнаа и екипите на РК Прилеп и РК Радовиш, како и РК Вардар и РК Тинекс Пролет. Во недела почнува 9-тото коло во плејофот, а ќе се сретнат екипите на РК Металург и РК Вардар, РК Радовиш и РК Зомимак-М, како и РК Тинекс Пролет и РК Прилеп.
Резултати 8-мо коло:
РК Прилеп 25:22 РК Радовиш
РК Тинекс Пролет 20:37 РК Вардар
РК Зомимак-М 21:20 РК Металург
На две кола до крајот Вардар е недостижен на првата позиција, а екипите на Зомимак-М и Металург ќе се борат за освојување на второто место.
Табела
Место | Екипа | П | Н | П | Поени |
---|---|---|---|---|---|
1 | Вардар | 8 | 0 | 0 | 24 |
2 | Металург | 6 | 0 | 2 | 18 |
3 | Зомимак-М | 5 | 0 | 3 | 15 |
4 | РК Радовиш | 2 | 0 | 6 | 6 |
5 | Тинекс Пролет | 2 | 0 | 6 | 6 |
6 | Прилеп 2010 | 1 | 0 | 7 | 3 |