Со вчерашниот дерби натпревар помеѓу екипите на Вардар и Металург, заврши 9-то претпоследно коло од плеј-оф фазата на машката Супер лига. Коло после кое веќе се расчистија работите, кој ќе биде шампион и кои екипи ќе има излез во Европа.
Металург не успеа да му земе бод на Вардар, иако имаше шанса во последниот свој напад да изедначат. Со што ако не се случи некое големо изненадување во последното поло, екипата на Зомимак-М ќе го освои второто место и ќе игра во СЕХА-лигата наредната сезона. Металург и Тинекс Пролет ќе играат во ЕХФ-Купот и Челинг купот.
Веќе од денес почнува и последното коло, во 17:00 часот Вардар ќе го пречека РК Радовиш. Во останатите натпревари од последното 10-то коло, ќе се сретнат Тинекс Пролет и Металург, Зомимак-М и РК Прилеп.
Резултати од 9-то коло:
- Металург 26:29 Вардар
- РК Прилеп 25:25 Тинекс Пролет
- РК Радовиш 29:35 Зомимак-М
Табела
Место | Екипа | П | Н | П | Поени |
---|---|---|---|---|---|
1 | Вардар | 9 | 0 | 0 | 27 |
2 | Зомимак-М | 6 | 0 | 3 | 18 |
3 | Металург | 6 | 0 | 3 | 18 |
4 | Тинекс Пролет | 2 | 1 | 6 | 7 |
5 | РК Радовиш | 2 | 0 | 7 | 6 |
6 | Прилеп 2010 | 1 | 1 | 7 | 4 |