Женската младинска репрезентација на Македонија ќе ги започне своите финални подготовки за квалификациите за Европското младинско првенство што ќе се одржи во Валенсија, Шпанија со контролен натпревар против екипата на ЖРК Металург. Средбата ќе се одигра на 13.04.2015 година (понеделник) во СРЦ Кале со почеток од 18:30 часот.
За потсетување, Македонија е домаќин на квалификациските натпревари, кои ќе се одржат во Скопје од 17-19 Април 2015 година. Сите натпревари ќе се одиграат во СРЦ Кале. Нашата репрезентација се наоѓа во групата заедно со репрезентациите на Црна Гора, Холандија и Исланд. Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на Европското првенство.
На списокот на селекторот Симовски се најдоа следниве ракометарки:
ГОЛМАНИ:
1. Матеја Серафимова ЖРК МЕТАЛУРГ
2. Петковска Драгана ЖРК ВАРДАР
3. Ладева Нина ЖРК ВАРДАР
КРИЛА:
4. Ѓорѓиоска Ивана РК ВЕЛКОВА
5. Петковска Елена ЖРК МЕТАЛУРГ
6. Митова Сара ЖРК ВАРДАР
7. Ристовска Сара ЖРК МЕТАЛУРГ
8. Нолевска Наташа ЖРК ВАРДАР
БЕКОВИ:
9. Тодоровска Ангела ЖРК ВАРДАР
10. Керамичиева Теодпра ЖРК ВАРДАР
11. Стојановска Симона ЖРК ВАРДАР
12. Мишевска Стефанија ЖРК ВАРДАР
13. Петровска Ангела ЖРК ВАРДАР
14. Каранфиловска Маја ЖРК МЕТАЛУРГ
ПИКЕРИ:
15. Михајлова Зорица ЖРК ЖИТО ПРИЛЕП
16. Дабевска Сања ЖРК МЕТАЛУРГ
17. Бојаџиска Нина ЖРК ВАРДАР
18. Ципушева Теодора ЖРК МЕТАЛУРГ