Од натпревар во натпревар, десното крило Никола Костески е се подобар. Костески конечно ја дочека својата шанса и до сега целосно ја искористува. И во напад и во одбрана Костески е брз, експлозивен и прецизен, и грешките ги сведува на минимум.

Во пресрет на денешниот натпревар, Костески изјави дека верува во екипата и се надева дека Металург ќе дојде до 2 нови бодови. “Елверум за разлика од нас е една искусна екипа и ние ќе мораме да одиграме машки во текот на целата средба. Ја замолувам публиката да нѐ поддржи во што поголем број. Многу ми е мило што вчера, против екипата на Работнички, се вратија и Пиратите и ни дадоа поддршка, која многу ни значи, особено на помладите играчи. Ако играме како што игравме против Шафхаузен, па и уште малку повеќе од тоа, можеме да оствариме добар резултат против Елверум“.

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )