Екипата на Металург, во пресрет на новото коло од натпреварувањето во Лигата на шампионите и гостува на екипата на Баја Маре од Романија. По несреќниот пораз во последните секунди од натпреварот против Скјерн, избраниците на Червар ќе се обидат да дојдат до нова победа и нови бодови.

Еден од позначајните ракометари на Металург,десното крило Никола Костески, кој од натпревар во натпревар покажува се подобра и подобра игра, во пресрет на овој дуел изјави:

,, На мечот со Скјерн ние докажавме дека можеме да се носиме со секој противник. За жал го загубивме мечот во последната секунда, но научивме многу од тој дуел. Сега не очекува уште едно тешко гостување. Баја Маре е квалитетна екипа и за да оствариме добар резултат, мора секој од нас да го даде својот максимум. Најголемата опасност во нападот на Баја Маре доаѓа од нивниот среден бек кој има одлична прегледност на играта, а имаат и добар шутер на лев бек. Но, ние ќе се обидеме да наметнеме наша игра, да одиграме сигурно во одбраната и трпеливо во нападот. Верувам дека утре ќе излеземе со ладни глави и ќе го оставиме срцето на терен“

Моменталната состојба на табелата во групата Д, пред овој натпревар е следната:

1. Skjern Handbold 5 4 0 1 145 : 125 (20) 8
2. HC Motor Zaporozhye 4 2 0 2 118 : 115 (3) 4
3. HCM Baia Mare 4 1 2 1 122 : 121 (1) 4
4. HC Metalurg 4 2 0 2 93 : 93 (0) 4
5. Kadetten Schaffhausen 5 1 1 3 139 : 147 (-8) 3
6. Elverum Handball Herrer 4 1 1 2 101 : 117 (-16) 3

Директен пренос од овој натпревар ќе можете да следите на МРТ1, со почеток во 15 часот.