Вечерва нашите ракометри во тежок меч против репрезентацијата на Словенија се победија самите. Лошо го отворија натпреварот, со многу грешки во одбраната и лоша реализација во нападот. Промашивме 3 пенали и неколку зицери, но сепак и Словенија играше лошо, па многу не влијаеа грешкиве на резултатот, кој се движеше 2-3 разлика цело прво полувреме.

Нашите бекови беа немоќни против одбраната на Словенија и против денес расположениот словенски голман Шкоф кој блескаше на голот. За разлика од бековите нашите крила беа одлични, тие го одржуваа резултатот каков таков. Манасков со 5 погодоци и Георгиевски со 7 погодоци, уште еднаш го покажаа својот несомнен квалитет.

На голот денес потфрлија нашите голмани, Борко и Диви имаа вкупно 6 одбрани заедно, што говори многу за тоа колку имаа помош нашите ракометари.

Во второто полувреме ништо не се смени, цело време го бркавме резултатот што не уморуваше и психички и физички. Многу промашени зицери, повторно просечен голман го направивме херој на натпреварот. Кога имавме шанса во последните 5 минути од натпреварот да направиме пресврт ги искршивме рамките од голот, со што едноставно може да се заклучи дека имавме шанса, но не ја искористивме, се победивме сами.

Некои ќе речат не не сакаше топката, но за поголем успех не може да се наслонуваме на тоа.

Како и да е, треба да сме горди на оваа генерација ракометари. И веќе од утре со ладни глави да се размисли кај се згреши, и да почнат веќе да се спремаат за следните предизвици. А тоа е ЕП во Полска следната година, каде две места во квалификациите доаѓаат и оттаму.

Нема предавање, идеме понатаму! #СоСрцеЗаМакедонија