Вчера ЕХФ излезе со листа од 20 најдобри стрелци во историјата на Ф4 турнирите, кои започнаа од 2010 година. Листата ја предводи чешкиот репрезентативец Филип Јиха (Кил) со вкупно 51 постигнат погодок, а во првите пет ракометари се најде и нашиот капитен Кире Лазаров (Барселона) на 4-та позиција со 35 постигнати погодоци.
Топ 5 листа на стрелци во историјата на Ф4
- Филип Јиха (Кил): 51 погодок.
- Сергеј Рутенка (Барселона): 47 погодоци.
- Хуанин Гарсија (Барселона): 44 погодоци.
- Кирил Лазаров (Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона): 35 погодоци.
- Јеспер Нодезбо (Барселона): 31 погодок.
Целата листа може да ја погледнете ТУКА.
Кире Лазаров веќе следниот викенд ќе има можност да го помине Хуанин Гарсија, ракометар кој не е дел од овогодинешниот Ф4.
МакРакомет му посакува среќа на нашиот капитен и зошто да не, да избие на првото место на оваа листа и круниса со титулата во ЛШ. Титула која долго ја посакува нашиот репрезентативец, како и сите ние љубители на ракометот во Македонија.