Нашиот капитен Кире Лазаров не запира, повторно вечерва дојде до импресивна бројка на погодоци, овојпат жртвата беше екипата на Колдинг. Лазаров ги почасти со 10 погодоци данците, со што беше еден од клучните играчи за пресвртот кој го направија шпанците, со кој дојдоа до својата 4-та победа оваа сезона и го обезбедија второто место во нашата група, веднаш зад вардарци.
Сепак Колдинг покажа дека не е екипа за потценување, после победата над Вардар денес одлично го отвори натпреварот, каде веќе во 11-та минута имаа водство од 1:8. Но, ракометарите на Барселона се освестија и набрзина го намалија водството, за на полувреме да заминат само со два гола разлика, 11:13.
За веќе во второто полувреме, го свртат натпреварот и очекувано да си додадат нови два бода на своето конто.
Покрај Лазаров, Филип Јиха постигна 7 погодоци, додека во екипата на Колдинг најпрецизен беше Ласе Андерсон кој постигна 8 погодоци.