Нашиот капитен Кире Лазаров после првите 1/8 натпревари понатаму ја предводи листата на стрелци во Лигата на шампионите, со вкупно 84 погодоци. Во првите 5 стрелци, истотака се наоѓа и вардаровото лево крило Тимур Дибиров кое со вкупно 74 погодци е на 3-то место на листата.
Кај жените во првите 5 стрелци се наоѓа Андреа Пенезиќ, која со вкупно 76 погодоци ја дели 3-та позиција со добро нас познатата Ана Кочетова од Динамо Синара.
Ви ги претставуваме првите 5 стрелци во машка и женска конкуренција
Топ 5 стрелци (мажи)
- Кире Лазаров (Барселона) 84
- Момир Илиќ (Веспрем) 76
- Тимур Дибиров (Вардар) 74
- Микел Хансен (ПСЖ) 72
- Драган Гајиќ (Монпелје) 65
Топ 5 стрелци (жени)
- Каролина Кудлач (Лајпциг) 84
- Кристина Неагу (Будуќност) 82
- Андреа Пенезиќ (ЖРК Вардар) 76
- Ана Кочетова (Динамо Синара) 76
- Ида Осен (Савехоф) 74