Во пресрет на вечерашното финале од турниров во Нант, помеѓу нашата репрезентација и репрезентацијата на Франција, нашиот капитен Кире Лазаров зборува за неговиот коолега Карабатиќ од Барселона и за “важноста“ на овој натпревар, пред престојното СП во Катар
„Рековме дека нема да преценуваме никоко и дека секогаш ќе настојуваме во нашите мисли да тежнееме кон победа, иако пред себе го имаме европскиот и олимпискиот шампион. Почестени сме што сме гости токму на нив. Денешниот дуел ни значи многу, да видиме до каде сме, меѓутоа многу повеќе ќе ни значи дуелот во април, во Македонија, тогаш сиурно ќе посакаме да ги изненадиме и да напишеме историја“ – изјави Кире Лазаров.
„Никола е перфектен професионалец, воспитан до максимум и пред сѐ секогаш гладен за победи и за трофеи. Без разлика на тежината на натпреварот секогаш игра со 100 посто. Јас и тој имаме максимална меѓусебна почит и соработка во Барса“ – заврши Лазаров.