Капитенот Кирил Лазаров во своето интервју за „Ал Џазира Балкан“ најавува дека тој и неговите колеги не се плашат од никого и ќе се обидат да извојуваат победа и на дуелот со фаворизираната Хрватска.

„На ова првенство дојдовме со големи амбиции и ако добиеме шанса, би сакале да одиме до крајот. Свесни сме за нашата сила, но ги знаеме и другите репрезентации, не се плашиме од никого и сметам дека оваа екипа може да постигне многу“
– вели Лазаров.

Утре не очекува балканското дерби со Хрватска.

„Можеме да победиме секого, но јасно е дека Хрватска е силна репрезентација. Со години се во врвот на светскиот ракомет, освојуваат медали и имаат одлични ракометари. Кај нив не се чувствува смената на генерации, Балиќ, Метличиќ, Лацковиќ и останатите заминаа, а веќе има млади момци да ги заменат. Ќе ни биде тешко, но ќе се бориме до крај, а уште отсега ми е јасно дека нема да ни биде лесно ако играме како против БиХ и Иран, не смееме да си дозволиме такви осцилации“ – заврши Кире Лазаров.