На денешното гостување кај Рајн Некар Левен за „црвено-црните“ доволен е и еден бод за да ја задржат втората позиција, која ќе им донесе противник што завршил на третото место во групите А, Б или Д. Дотолку бидат трети, тогаш че добијат екипа која била втора во оваа фаза од истите групи. Капитенот Филип Лазаров без голем притисок пред престојниот натпревар, во кој очекува да ја проверат својата играчка моќ и израдуваат македонските фанови.
„Сметам дека за нас ова, сепак, не е тој, решавачкиот натпревар. Не е да се биде или не, бидејќи Вардар веќе се пласира во осминафиналето. Едноставно, не знаеме дали нашиот иден противник ќе биде полесен или потежок, ако завршиме како трети или како втори во групата. На пример, дали е подобро со Фленсбург или со Сегед. Во Германија одиме да провериме каква ни е нашата моментна играчка моќ, односно дали заслужуваме да се најдеме на завршниот фајналфор. За силината на противникот најдобро говори фактот што лани Барселона (31-38), а годинава Веспрем (25-32) убедливо загубија на теренот на Левен. Оптимист сум и верувам дека ќе се вратиме со нова победа“ – изјави капитенот Филип Лазаров.