Утре Македонија против Австрија го игра последниот натпревар од групната фаза кој е и директна борба за втората позиција во групата, на нашата селекција и одговара и реми, но Лазаров посакува убедлива победа.
„Немаме ниту една причина да бидеме со наведнати глави, напротив, имаме одличен резултат по првите четири кола, три победи и еден пораз, вакво нешто оствари само мал број репрезентации на Светското првенство” – вели Лазаров.
„Од Австрија сме многу подобри и нема зошто да бегаме од улогата на фаворит. Посакувам победа со поголема разлика, четврти триумф и да го освоиме второто место. Мал хендикеп ни е повредата на Јоноски, кој е наш столб во одбраната, но познавајќи го, знам дека ќе стисне заби и ќе ни помогне” – заврши Лазаров