Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров ја торпедираше со 12 погодоци шведската екипа Алингсас во последниот натпревар од Лигата на шампиони, кој заврши со убедливи 42:29 за каталонците. Натпревар со кој Барселона се зацврсти на лидерската позиција во групата Б.
По овој натпревар Кире Лазаров го превзеде водството на листата на најдобри стрелци, со вкупно 57 погодоци, пред Момир Илиќ од екипата на Веспрем кој има 4 погодоци помалце. На третата позиција се наоѓа словенецот Драган Гајиќ со 49 погодоци.