Нашиот капитен Кире Лазаров ја прими наградата за најдобар десен бек во АСОБАЛ-лигата на вечерашната церемонија во Сарагоса. Уште едно од низата признанија за македонскиот репрезентативец, кој во последната сезона освои се што можеше да се освои, крунисувајќи ја својата блескава кариера и со трофеј во Лигата на шампионите.

МакРакомет му честита и му посакува наскоро да му се оствари и следната желба (ОИ во Рио).