Нашиот капитен, Кирил Лазаров во ексклузивно интервју за официјалната страна на ЕХФ проговори за неговите очекувања од претстојното Светско првенство во Катар.

„Нашите очекувања се навистина многу големи. Ние имаме силен тим составен од многу искусни ракометари. Се соочивме со доста проблеми на ЕП во Данска, и се надевам дека ќе се прикажеме во многу подобро светло во Доха. Наша примарна цел е да оствариме подобар пласман од СП 2013 и ЕП 2014 година. Знаеме дека се наоѓаме во тешка група, но има голема самодоверба и амбиции во нашиот состав. Иако Доха е многу далеку, се надевам дека ќе ја имаме поддршката од македонски фанови, кои ни даваат дополнителна енергија од трибините. Ќе одиме чекор по чекор, бидејќи невозможно е да се предвидува финалниот резултат. Ќе се обидеме да го искористиме ова Светско првенство за да го оствариме сонот на сите Македонци, а тоа е да се пласираме на Олимписките Игри во Рио. Со генерации сите Македонци сонуваат за овој чекор, и се надевам дека конечно ќе успееме да обезбедиме пласман на едно такво натпреварување. Потребен ни е добар резултат на СП за да осигураме место на квалификацискиот турнир за Рио 2016 година“ – изјави Лазаров.